Во вториот квартал на годинава, четири жртви и 52 несреќи на работно место

од Vladimir Zorba

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во вториот квартал на годинава забележало 52 несреќи што се случиле на работното место, со четири загинати работници, што е за нијанса подобро од состојбата во периодот од април до јуни лани, кога имало 60 несреќи со шестмина загинати.

Како што велат од здружението, податоците се добиени од вестите објавени во пишаните медиуми во земјава, и тие, како што велат, во недостиг од официјални извештаи од соодветните институциите се соодветна основа за согледување на реалната состојба.

Во април оваа година имало три смртни случаи, еден помалку отколку во истиот месец од 2016 година, еден случај имало и во мај годинава и во мај лани, а за разлика од јуни 2016 година, кога имало еден смртен случај, во јуни годинава не се забележани смртни случаи.

Слични содржини