Во Загреб денеска ќе се одржи самит во рамки на процесот Брдо-Бриони, а на собирот, меѓу другите, ќе учествуваат американскиот потпретседател Џозеф Бајден, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот Горѓи Иванов  како и српскиот претседател Томислав Николиќ.

ivaa-630x289

Глобалните безбедносни предизвици, мирот и безбедноста во регионот и проширувањето на Европската унија и НАТО се дел од клучните теми на вонредниот самит на лидерите на Процесот Брдо – Бриони  , а на кој учествува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.Предвидено е претседателот Иванов да има обраќање на пленарниот состанок насловен: „Дијалогот ЈИЕ – ЕУ – САД“, да учествува на работниот ручек на земјите членки на Процесот Брдо – Бриони“, како и да оствари повеќе средби со учесниците на самитот

Српскиот претседател во текот на престојот во Загреб ќе се сретне и со претседателот на Српскиот народен совет во Хрватска Милорад Пуповац и со митрополитот загрепско-љубљански Порфирие. Ова ќе биде првата посета на Николиќ на Хрватска откако во 2012 година стана претседател на Србија, јави Танјуг.

Домаќин на собирот во рамки на процесот Брдо-Бриони се хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор, кои очекуваат на самитот да се изрази поддршка за ЕУ и САД за вклучување на државите од регионот во ЕУ и стабилизацијата и решавањето на нивните односи.

Самитот во Загреб воедно ќе биде и шанса за расправа за безбедносните предизвици, терористичките закани и радикализација, како и повторно да ја искажат одлучноста и противењето на таквите појави.

На средбата се очекува и учеството на австрискиот претседател Хајнц Фишер и на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, наведува словенечка СТА.

Заради доаѓањето на високите странски гости собирот ќе го следат силни безбедносни мерки.

За резултатите од самитот на заедничка прес конференција попладне јавноста ќе ја информираат домаќините на собирот, претседателите на Хрватска и Словенија, како и американскиот потпретседател Бајден и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Процесот Брдо-Бриони ги собира првите луѓе на државите од југоисточ на Европа, а во 2013 година заеднич ки го почнаа Хрватска и Словенија.

Цел на Процесот е засилување на регионалната соработка, стабилизација на регионот и поттикнување на политичкиот дијалог со ЕУ.

Глобалните безбедносни предизвици, мирот и безбедноста во регионот и проширувањето на Европската унија и НАТО се дел од клучните теми на вонредниот самит на лидерите на Процесот Брдо – Бриони што денеска се одржува во Загреб, а на кој учествува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Слични содржини