Државната изборна комисија денеска одржува јавна седница со две точки на дневен ред – разгледување и усвојување на Извештајот за спроведените избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје, 15 октомври 2017 година и расправа во врска со Одлуката на Државната изборна комисија за исплата на надоместок на претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК, вработените во стручната служба на Комисијата и лицата ангажирани во помошните тела за спроведување на локалните избори 2017 година за избор на членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје.

Извештајот беше прифатен со девет гласа „За“.

Во дебата за втората точка, членот на ДИК од редовите на СДСМ, Виолета Дума рече дека ќе ги донира парите од надоместоците во Буџетот, па нека ги трошат други, на кои повеќе им требаат. „Нека им се најдат партие, оние, кои требаше да ни се најдат нам“, рече Дума.

Таа појасни дека надоместоците се доделени врз основа на Закон и правилници и нема никаква причина да не бидат доделени, но дека е подготвена да ги донира.

Проблемот се јави откако деновиве амбасадорот на САД во Македонија Џеј Бејли откри дека ДИК доделил по девет плати за помалку од година, по ланските парламетарни и годинешните локални избори на претседателот и леновите на комисијата, на стручните служби и другите вработени во ДИК и во помошните служби.

ВО ЖИВО ПРЕД КРИВИЧЕН СУД: Протест на ВМРО-ДПМНЕ

Публикувахте от DW на македонски в Вторник, 5 декември 2017 г.

Слични содржини