Во живо на lolano.mk можете да ја следите прес конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој ја објавува 12-тата бомба.

Опозицијата досега објави дека во Македонија се прислушувани 20.000 граѓани, меѓу нив и најблиските соработници на Груевски, лидери и министри на ДУИ, лидерот на ДПА, потоа раководството на СДСМ, Бошкоски, Жерновски, Петковски, новинари, судии, обвинители, МПЦ, ИВЗ, МАНУ.

Заев на прес конференциите пушти аудио снимки, за кој вели дека покажуваат како власта ги крадела и фалсификувала изборите во Цела Македнија, особено начините на кои тоа се договарало и правело во Центар и во струмица, потоа како луѓе од власта и медиуми договарале пресуди, избори на судии и обвинители, каква била спрегата меѓу власта и дел од медиумите, како се апсел Љубе Бошкоски, како се нарачувало и договарало уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, како се договарале и што мислат министрите за трошењето на буџетските пари.

Слични содржини