Водачот на Српска чест му порача на Вучиќ: На располагање сме, подготвени сме животот да го дадеме за Косово

од desk2

 

По вчерашното апсење на директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Марко Ѓуриќ. ситуацијата во северниот дел на Косовска Митровица е стабилна. На смирување на тензиите повикаа и претседателите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, а на случувањата реагираше Бојан Стојковиќ, еден од лидерите на Српска чест.

Стојковиќ на видео закачено на Инстаграм порача дека „Српска чест“ и српските доброволци му стојат на располагање на претседателот и дека се подготвени да го дадат својот живот за Косово.

„Господине претседатле, во име на Српска чест и сите српски доброволци, со жандармеријата и српската војска, ви стоиме на располагање и подготвени сме за општа мобилизација на српски народ, не да одиме во војна, туку да го браниме своите огниште и да го штитиме српското население кое живее во Ксово. Да знаете дека на располагање ги имате сите српски доброволци кои се подготвени животот да го дадат за КОсово“, вели Стојковиќ.

https://instagram.com/p/Bgy9o7SH5P2/?utm_source=ig_embed

Потсетуваме дека Марко Ѓуриќ е уапсен за време на внатрешниот дијалог за КОсово, пренесе RTK. Припадниците на интервентната полиција на Косово извршија упад во објектот каде се одржуваше тркалезната маса на политичките претставници на Србите.

Слични содржини