Воени лица учествувале во упадот во собранието?

од Vladimir Zorba

 Поминаа веќе 20-тина дена од инцидентите во собранието но до сега ниту од Г.Ш ниту од Министерството а одбрана не се превземаат било какви дејствија против вработените во овој сектор а кои камерите ги регистрираа како учесници во „Крвавиот четврток“.
Министерството за одбрана и Г.Ш на АРМ да покренат дејствија против нивните вработени кои учествуваа во настаните од „Крвавиот четврток“ а кои ги регистрираа и камерите, велат експертите.   Поранешниот Генерал во АРМ, Илија Николовски, објаснува дека подеднаква одговорност да реагираат имаат и армијата и министерството бидејќи во учесниците се спомнуваат и имиња на потполковници, професори на воена академија, водници и други вработени.
Николовски вели, прекршени се повеќе одредби за дисциплинска одговорност и по Законот за административни службеници, но и по Законот за служба во АРМ.
„Генерал штабот, Министерството за одбрана и воената академија чиј претставници се регистрирани од видео камерите и идентификувани од некои лица, сè уште се немаат ни огласено да ги осудат постапките и активностите на своите вработени.“, изјави Илија Николовски, поранешен генерал во АРМ.
Меѓу имињата кои излегоа во јавноста, а беа забележани и на камерите и фотографиите  беа потполковниците Андреј Илиев, како и други вработени во министерството.
Од Г.Ш во АРМ пак велат дека:
„Во случај на утврдување на одредена одговорност на припадници на Армијата на Република Македонија, кои се поставени на формациски места и извршуваат должности во командите и единиците на АРМ, ГШ на АРМ постапува согласно предвидените ингеренции и надлежности на ГШ на АРМ за покренување на постапка за одредената одговорност според важечките одредбите од Законот за служба со кои се регулира оваа материја.“
ТВ 24 побара одговор и од Министерството за одбрана од каде велат дека го осудуваат насилството но велат не се институција која треба да ја утврдува вината на граѓаните.
„Министерството за одбрана го осудува секое насилство и ги поддржува сите постапки и процедури кои ги преземаат надлежните институции, согласно законите во Република Македонија. Министерството за одбрана како институција не е вклучена во процесот на утврдување на вина кај граѓаните, по каков било основ и во таа насока Министерството се оградува од каков било коментар по постапките кои се водат во ОЈО и судовите во Република Македонија.“
Поминаа веќе 20-тина дена од инцидентите во собранието но до сега ниту од Г.Ш ниту од Министерството а одбрана не се превземаат било какви дејствија против вработените во овој сектор а кои камерите ги регистрираа како учесници во „Крвавиот четврток“. /Тв24

Слични содржини