Волво V40 го прави животот подобар

од desk3

Новото Волво  V40 не е само наследник на S40 и V50. Тој е и напор на брендот да проникне во најважниот сегмент на европскиот пазар. Битката станува жестока, бидејќи V40 застанува против Audi A3 Sportback и BMW Серија 1. Тој е малку подолг од нив, а во висина од 1,45 метри му дава на моделот многу елегантен и спортски изглед. Интересно е дека моделот се нуди и во модификација Cross Country која додава авантура за разлика од елегантниот градски автомобил.

Слично на секое друго Волво од последните децении, Волво V40 нуди конфигурација со попречно поставен мотор, кој обезбедува повеќе простор за патниците. Предметната зона е многу важна за безбедноста, бидејќи во оваа верзија Волво едноставно блеска. V40 е првиот автомобил во светот, под чија хауба е монтирано воздушно перниче за пешаци. Стандардниот модел е опремен и со системот City Safety за избегнување на удари со ниска брзина во градот. Внатре се монтирани седум воздушни перничиња,  кои се само процент од целиот сет за активна и пасивна заштита кој ја нуди Волво V40.

Волво блеска и во друга насока: ентериерот. Верни на ергономијата, дизајнерите на Волво  инсталирале седишта кој нудат удобност за долг пат и добра странична потпора кај спортско возење. На задниот ред седишта удобно можат да се возат двајца, а багажникот не е од најголемите во класата.

Слични содржини