Меѓу народите на Турција и Русија нема и нема да има никакви проблеми,  изјавил премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, во Баку. Шефот на турската влада пристигна во Азербејџан, за да реши со претседателот на земјата Илхам Алијев прашањето за снабдување со гас и изградба на трансадриатискиот  гасовод (Тар).“Турција секогаш им  придаваат високо значење на односите со Русија”, изјави Давутоглу и веднаш се обратил кон претседателот на Русија Владимир Путин со повик да биде дозволено кризата меѓу двете земји да оди  по дипломатски пат.

davitoglu

Во пресрет на посетата на Давутоглу во Баку се одржа средба на министрите за надворешни работи на Русија и Турција, Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу во рамките на состанокот на првите дипломати на земјите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Во  40-минутниот разговор сепак не беше одбележан никаков напредок во односите меѓу двете земји. Како што е познато, тие се затегнаа откако турски F-16 собори со ракета “воздух-воздух” руски авион Су-24 во Сирија. Русија очекуваше извинување од турските власти, но не го доби . Владимир Путин го нарече инцидентот “удар во грбот” и потпиша указ за специјални економски мерки кон Турција. Со документот фактички беа воведени санкции против турскиот бизнис. Во исто време, Турција се обидува да ги разреди тензиите меѓу двете земји. Како чекор кон помирување земјата го испрати во неговата татковина телото на убиениот руски пилот со воени почести. Покрај тоа претседателот Реџеп Таип Ердоган направи обид одново да се поврзе по телефон, а потоа и лично да се сретне со Владимир Путин. Во говорите за време на различни средби тој не пропушта да ја истакне важноста на турско-руските односи, изразувајќи надеж дека конфликтот меѓу двете земји ќе биде решен по дипломатски пат

Слични содржини