ВОНРЕДНА :Горат куќи во Тасос, пожарот во Атон продолжува

од Vladimir Zorba

Прогласена е вонредна сосотјба за  спасување на  Хилендарскиот манастир

pozar-tasos
Куќи се уништени од огнените пламени има   повредени луѓе  во четирите пожарa кои беснеат во Тасос. Пожарот веќе е во близина на селцето Придонес и не е локализиран. .Уште вчера градоначалникот Костас Хаџиемануил објасни дека се прави се што е можно да бидат спасени две села зафатени од огнената стихија , но неповолните временски услови и силни ветрови се тоа го спречуваат.

Грчките власти од ноќеска прогласија вонредна состојба на островот. Во огнената стихија изгоре огромен дел од планинскиот појас на островот, десетици куќи и таверни во селото Казавити, а сериозно е повреден еден пожарникар. Превентивно се евакуирани две села и два манастири.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани 170 пожарникари со 73 возила, 15 цивили-волонтери, 36 војници, 11 цистерни, 9 авиони и 6 хеликоптери.

Штетите се катастрофални. Пеплосана е боровата шума на половина од островот, а пожарот го зафати и западниот и југоисточниот дел на островот. Според информациите, во моментов нема закана за големите населби и туристичките делови на Тасос. Очевидци за грчките медиуми изјавиле дека покрај куќи, на јужниот дел на островот има штети и на неколку хотели.

Пожарот избувна вчера утро на четири места на островот, по силни удари на гром и се прошири брзо поради силните ветрови.pozar-tasos-860x680

 . Во исто време, продолжува да беснее пожарот и во регионот на Хилендарски манастир во Атон, каде 18 пожарникари  со 36 мажи, 24 туристи се борат со огнената стихија. “Се прават огромни напори да се изгасне  огнот. Уште од седум наутро два хеликоптера го гаснат пламенот , но се појавуваат нови огништа “велат информациите од Атон

Слични содржини