Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во текот на телефонски разговор се договорија за лична средба. Тоа го соопштија од прес-службата на турскиот лидер. Путин изразил пред Ердоган сочувство во врска со терористичкиот акт на истанбулскиот аеродром “Ататурк” .Во текот на разговорот исто беше дискутирано за нормализирање на односите меѓу двете земји. Беше подвлечена важноста на билатералната соработка, се вели во пораката. Путин и Ердоган изразија решителност да ги преродат односите меѓу двете земји и заедничката борба против тероризмот.

1467198503-pet

Претходно Телевизискиот канал NTV, повикувајќи се на сопствени извори, соопшти дека преговорите меѓу двајцата претседатели продолжиле околу 40 минути и беа “продуктивни и позитивни”.

За последен пат двајцата лидери разговараа во ноември минатата година во рамките на самитот на Г-20 во Анталија. Само неколку дена подоцна турски борбен собори руски бомбардер Су-24 во небото над Сирија.

Во понеделникот турскиот лидер испрати писмо до Москва, во кое се извини за соборување на рускиот авион. Едроган изрази сочувство во врска со загинувањето на пилотот Олег Пешков и изјави дека турските власти не сакале да ги расипат односите со Русија.

Од Кремљ го определија писмото на Ерддоган како важен чекор за нормализирање на билатералните односи.

Слични содржини