Вонредна состојба на Закинтос, македонски државјани засега не побарале помош

од desk2

Властите во Грција прогласија вонредна состојба на островот Закинтос, каде веќе четврти ден има големи пожари.

Огнена стихија има на 12 локации, но засега не претставуваат закана за населените места.

Од Туристичката комора на Македонија за Тв 24, велат дека засега нема македонски државјани кои побарале помош.

„Досега немаме никаква комуникација со никој од македонските туристи во Закинтос. Пожари исто така беснеат и во близина на Атина. Има наши туристи во Закинтос, но тие не се во делот каде што се пожарите, иако скоро цел остров е зафатен со пожари. Досега сме немале никој од туристичките агенции, членки од нашата комора или од туристите да побараат помош или да кажат дека животите им се загрозени. Доколку побараат помош, секако дека ќе мора да организираме“, вели Ѓорѓи Вчков, претседател на Туристичката комора./24 Вести

Слични содржини