Вонредна состојба во Шарлотсвил по демонстрациите против статуа на генерал од граѓанската војна во САД

од desk2

Едно лице загина, а неколку се повредени во текот на насилните демонстрации на десничарите и белечките ултрадесничарски групи во Шарлотсвил во Вирџинија поради најавата дека ќе биде отстранета статуа на генерал од времето на граѓанската војна поставена пред сто години.

Градоначалникот на Шарлотсвил потврди дека едно лице загинало, не откривајчи детали. Неколку лица се повредени откако во групата што протестира против Обеднетата десница влета автомобил.

 

Градот Шарлотсвил во Вирџинија прогласи вонредна состојба поради најавените демонстрации на десничарите и белечките ултрадесничарски групи, пренесуваат агенциите. Расистичките групи очекуваат илјадници луѓе на улиците, а полицијата се подготвуваше и на антидемонстрации.


Спорот настана по најавата дека ќе биде отстранета статуата на еден генерал од америкнската граѓанска војна, а кој го бранел робовладетелскиот систем. Десничарските демонстранти носат шлемови и штитови, а во помали судири неколку лица веќе се повредени.

Кулминацијата на протестот се очекува во вечерните часови по локално време. Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на ескалацијата на ситуацијата во овој град.

„Сите мораме да бидеме обединети и да ја осудиме омразата. Нема место за насилство во Америка Да бидеме едно“, напиша Трамп на социјиалните мрежи.

https://www.youtube.com/watch?v=RGqME_ROtoU

Слични содржини