Вонредниот  Совет на министрите за внатрешни работи на ЕУ, свикан во врска со нападите на 22 март во Брисел, заврши без нови решенија за борба против тероризмот.бр

По средбата, министрите за внатрешни работи на 28-те земји од ЕУ изјавија дека заедницата треба да почне практично да ги извршува чекорите што се преземени пред тоа.

“Не ни треба ништо ново. Само треба да почнеме да ги исполнуваме мерките кои веќе се договорени и прифатени од земјите-членки.”, Рече холандскиот министер за внатрешни работи Роналд Пластерк.

Меѓу главните мерки, како што рече тој, се размена на базата на податоци на Шенген систем и Европол, како и соработката помеѓу истражните органи, безбедносните служби, полицијата на земјите членки на ЕУ. Покрај тоа, земјите од ЕУ треба што е можно побрзо да завршат со развојот на европското законодавство за борба против тероризмот, вклучувајќи создавање на регистар со податоци за патниците во авионите, посочи Пластерк. Од своја страна еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос, истакна дека земјите-членки треба да работат во тесна соработка за да соработуваат во борбата против тероризмот. Според него, во следните недели тој ќе го претстави предлозите на Европската комисија за подобра размена на информации во рамките на ЕУ.

ЕУ одлучи да формира во рамките на Европската контратерористичен центар на Европол, група од експерти во областа на борбата против тероризмот. “Советот одлучи да формира група од национални експерти за борба против тероризмот во Европската контратерористичен центар кон Европол, за да им помагаат органите на земјите-членки при истрагата на терористички закани”, се наведува во пораката. Во документот се нагласува дека “новиот тим ќе ги следи заканите кои доаѓаат од платеници екстремисти, финансирањето на терористи и илегално оружје, како и онлајн пропаганда на тероризмот.” Белгискиот министер за правда Кун Генс изјави дека ЕУ треба да добие пристап за специјалните служби кон системите за комуникација “Скајп” и “Вајбер”. Терористите во Европа ги користат овие системи за шифрирана комуникација, која сега не може да биде следена од тајните служби. Министрите за внатрешни работи изјавија дека ЕУ ќе се активира во истрагата за нападите во Париз и Брисел. Тие истакнаа дека се решени да се борат заедно против тероризмот.

Слични содржини