ВОНРЕДНА ВЕСТ: Каталонија прогласи независност од Шпанија!

од desk2

Каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија. За независност гласаа 70 пратеници, а против беа 10, а два пратеници беа воздржани.

Шпанскиот Сенат би требало во 15.30 по локално време (16.30) да гласа за членот 155 од шпанскиот Устав, кој овозможува преземање контрола на надлежностите на Каталонија, соопшти шпанскиот Ел Паис.
Како што се наведува, Народната партија на премиерот Маријано Рахој има мнозинство, така што се очекува неговиот предлог за активирање на овој член од Уставот да биде прифатен.

Седницата почнала во 10 часот, а весникот пренесува дека во еден момент Рахој ја напуштил седницата.

Каталонскиот парламент ја прифати декларацијата за независност од Шпанија по напната дебата по која дел од опозицијата ја напушти салата и не зеде учество во гласањето.

Сепаратистите кои се собраа на улиците на Барселона во близина на парламентот славеа откако ги дознаа вестите од гласањето.

Вниманието е свртено кон Мадрид, каде Сенатот треба да гласа за мерките за интервенција во автономниот регион и како да ја одземе власта од каталонската влада. Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, нешто порано денеска, апелираше мерките да поминат, за да се спречи „понатамошниот процес на анти-демократски одлуки“ во Каталонија.

Пред гласањето, Марта Ровира од владејачката коалиција „Заедно за Да“ аргументираше „ни треба позрела култура на демократија. Дебатата за уставниот процес мора да биде константна.“

„Денеска, ние ќе основаме држава базирана на овие принципи, и гордост. Ние го правиме тоа“.

Инес Ариамадас од опозициската Граѓани, го нарече гласањето „напад на фундаменталните вредности на Европската унија“, додавајќи затоа немате поддршка“.

Премиерот Рахој, речиси веднаш на твитер реагираше со порака, барајќи од Шпанците да бидат смирени и инсистирајќи дека „легализмот ќе биде вратен во Каталонија“.

Слични содржини