(ВИДЕО) Вонредна вест од Истанбул: Специјална акција – полицајците на чекор да го уапсат крвавиот терорист од ноќниот клуб “Реина”

од Vladimir Zorba

Евакуирано истанбулското метро поради сигнал дека убиецот е забележан во станица во квартот Багџалар.


Патниците биле евакуирани од станицата на метрото во Истанбул поради добиен сигнал кој ја мобилизира полицијата по добивањето на информацијата дека таму бил забележан осомничениот за извршувањето на нападот во ноќниот клуб “Реина”, пренесе ТАСС, повикувајќи се на весникот “Јени Шафак”.
Според изданието станува збор за метро станица во истанбулскиот кварт Багџалар. Полицијата ја претресува станицата.

Во ноќта на 1 јануари напаѓачот стрелаше во ноќниот клуб “Реина” во истанблускиот кварт Ортакој, при што беа убиени 39 лица, вклучувајќи 16 странци, а околу 70 лица беа повредени. Меѓу жртвите имашедржавјани на Саудиска Арабија, Мароко, Јордан, Либан, Либија, Израел, како и една руска државјанка.

Одговорноста за нападот ја презеде “Исламска држава”.

На 7 јануари во. “Дејли Сабах” соопшти дека турската полиција утврдила идентитетот на осомничениот. Според изданието напаѓачот е Узбекистанците по националност на име Абдулгадир Машарипов, исто така познат како Абу Мухамед Хорас.

Слични содржини