Вонредниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 23 декември

од Vladimir Zorba

Вонредниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој ќе се разгледува оставката на лидерот Никола Груевски, ќе се одржи на 23 декември . Освен избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на вонредниот конгрес ќе се усвојува и извештајот за анализата на изборите.

Веднаш по завршување на маршот пред зградата на Владата синоќа, ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на Извршниот комитет

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница најостро ги осуди политички монтираните обвиненија за тероризам и неоснованите притвори кои им беа изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27-ти април. Злоупотребата на државните институции кои под политички притисок на власта упаѓаа во домови и ставаа лисици на пратеници е акт на терор и газење на демократијата.

Извршниот комитет заклучи дека ваквото безумие од страна на СДС ја турка државата во уште подлабока криза и затоа мора да се преземат идни чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и политичкиот реваншизам.

Согласно статутот на партијата, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да му предложи на Централниот комитет на следната седница да отпочне процедура за организирање на вонреден Конгрес на партијата на 23 декември 2017 година“, пишува во соопштението на партијата.

Груевски на 1 декември најави оставка пред органите на партијата, за како што рече, да помогне во разврската на кризата.

На конгресот Груевски ќе се обиде да постави „свој човек полтрон“ за да си ја задржи моќта во ВМРО-ДПМНЕ.

Како организатори на Конгресот   ќе бидат назначени Светлана Колариќ во одборот и Спиро Ристовски како организатор, пишуваат повеќе медиуми.

Слични содржини