„Од дејствијата што биле преземени, јас предлагам обвинетите да бидат прогласени за виновни и на истите да им се определи казна согласно законот. Казната да ја определи судското тело“, побара обвинителот Пановски .

Адвокатите на обвинетите не се согласуваат со обвинението. Според нив, не станува збор за тероризам и Обвинителството и нивната теза е дека треба да се праша кој прв отворил оган, вооружената група или полицијата?

Адвокатите исто така ги отфрлија шпекулациите дека на минатото рочиште јавниот обвинител побарал доживотна казна затвор за обвинетите.

Адвокатите се противат и на квалификацијата на групата како терористичка организација. Според нив, јавното обвинителтво сметало дека обвинетите биле членови на Ослободителната Национална Армија, а во тој случај треба да се има во предвид и меѓународната оценка дека ОНА не дејствувала како терористичка група и оти адекватна квалификација би била таа што стои во членот 123 од Кривичниот законик.

Според обвинителот, обвинетите имале за цел да го заплашат народот. Oбвинетите, пак, не сакаа да ги слушнат завршните зборови на обвинителот. Според нивната одбрана тие не сториле дело тероризам.

 

Еден од обвинетите, Бајрам Елшани, рече дека тој ќе ја открие целата вистина за случајот во неговиот завршен збор.

На следното рочиште одбраната ќе има можност да го отфрли и да го прецизира обвинението.

За борбените дејствија на 9 и 10 мај 2015 во Куманово, за делото тероризам се обвинети 37 лица. Во тогашната престрелка загинаа 8 полицајци и 10 припадници на вооружената терористичка група.

Слични содржини