Возач на „бе-ем-ве“ прегази жена и побегна од местото на несреќата

од Vladimir Zorba

svr-ohrid

Возач кој управувал со возило марка „бе-ем-ве“ со тетовски регистерски ознаки, синоќа прегазил жена на патот Охрид – Скопје, кај селото Горенци, и избегал од местото на настанот, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од здобиените повреди, на самото место починала Ќание А.(74) од Охрид. Нејзината смрт е констатирана од лекар од итна медицинска помош.

Сообраќајната незгода се случила кога возило марка „беем-ве“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело по магистралниот пат во правец од Кичево кон Охрид, директно удрило во сега починатата, која се движела на коловозот во спротивниот правец.

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, овластен судски вештак и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид.

По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатата денеска ќе биде извршена обдукција. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид презема интензивни мерки за пронаоѓање на патничкото моторно возило, кое по сообраќајната незгода го напуштило местото на настанот./Мета

Слични содржини