Возачот на турскиот амбасадор, нападнат пред Министерството за култура

од desk2
Oрхан Салих, возач на турскиот амбасадор во Mакедонија, пријавил дека додека бил паркиран со службеното возило „мерцедес“ со дипломатски таблици, на кое имало истакнато знаме на Р. Tурција, пред министерство за култура дошло непознато лице кое сакало да го откорне знамето од возилото велејќи дека ова е Македонија, но не успеало во намерата. Во тој момент и физички го нападнало со удар со тупаница во пределот на главата по што се оддалечило во непознат правец. од МВР велат дека има камери на местото на инцидентот и дека ќе биде брзо откриен.

Слични содржини