Возачот на турскиот амбасадор удрен со тупаница поради знамето на службеното возило

од Vladimir Zorba

Орхан Салих, возач на турскиот амбасадор во Македонија, пријавил дека додека бил паркиран со службеното возило „Мерцедес“ со дипломатски таблици,  на кое имало истакнато знаме на Р.Турција, пред Министерство за Култура дошло непознато лице кое сакало да го откорне знамето од возилото велејќи дека ова е Македонија, но не успеало во намерата.

975617271-1021x580

Во тој момент и физички го нападнало со удар со тупаница во пределот на главата по што се оддалечило во непознат правец.

Од МВР велат дека има камери на местото на инцидентот и дека  се ќе биде брзо разоткриено.

извор: Тв21

Слични содржини