Возбудата во заедничкиот живот испарува за 3 години

од Vladimir Zorba

Постои мислењето дека по 7 години заеднички живот сопружниците се свикнуваат еден со друг и тоа ја убива возбудата.5080659

Британски научници го намалија овој рок до 3 години. Многу нешта ја убиваат страста во односите и ги доведуваат до деградација – вишокот тежина, валканите чорапи, парите, алкохолот, неповолното работно време, недостатокот на внимание или на секс, лелекањето или ‘рчењето.

Во истражувањето учествувале 2.000 лица. Се покажа дека 3 години по свадбата односите во семејството го достигнуваат својот врв. 67% од испитаниците признаваат дека се иритирани од недостатоци на партнерот, кои првично ги сметале за незначителни. Над 50% од анкетата кои имале интимни односи помалку од 3 години, и 16% од оние кои живееле повеќе од 3 години, водат љубов најмалку три пати неделно.

Но, 55% од учесниците сметаат дека по 3-годишен заеднички живот односите им стануваат прагматични и тие се оддаваат на секс закажано.

Луѓе во првиот стадиум на вљубеността добиваат од партнерот пример по 3 комплимента неделно. Но по 3 години заеднички живот показателот паѓа до еден комплимент неделно. А, после 5-та година од соживотот под еден покрив луѓето воопшто престануваат да слушаат комплименти.

 

Слични содржини