Најмалку 127 лица загинаа, а 192 се повредени во терористичките напади во Париз, соопштува весникот Le Parisien. Над 200 лица се повредени, а 80 од нив се во тешка состојба. 8 од атентаторите биле убиени, а 7 од нив се саморазнеле.Pariste-konser-salonundan-kaçış-anı

Синоќа на 6 различни места во Париз терористи отворија оган со автоматско оружје. Меѓу нападнатите  места се следниве ресторани и барови – La Belle équipe, Le Carillon, Le Petit Cambodge, пицеријата La Casa Nostra. Терористите ја нападнаа и концертна сала “Батаклан” и пукаа во толпата луѓе, извикувајќи фалби за Аллах, соопшти очевидец, кој успеал да избега од зградата. Тие влегле во салата преку главниот влез во екот на концертот кој се одржувал  и  отвориле оган врз луѓето. Сите се фрлиле на подот, за да  ги избегнат куршумите.

Францускиот весник „Ле Монд“ објави вознемирувачка снимка од нападот на една од погодените локации -задниот влез од театарот Bataclan, која ја снимил еден од нивните новинари. На видеото се гледаат луѓе кои избезумено бегаат од еден од споредните влезови, луѓе кои висат од терасите и прозорите, но и трупови на ранети и загинати на асфалтот. Некои неповредени лица се трудат да ги одвлечкаат ранетите струполени на земјата, додека се слушаат истрели од нападите во објектот.

Слични содржини