Вработен во сендичарница во Скопје прободен со нож

од Vladimir Zorba

Вработен во сендвичарница во центарот на Скопје ноќеска бил прободен со нож во стомакот, информира полицијата.

Изутринава во 4:30 часот во ЕИК-Скопје, било пријавено дека во сендвичарница на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ вработениот З.Б. (27) од Скопје, бил прободен со нож во пределот на стомакот.

Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар-Скопје. Најверојатно над него ќе се изврши хируршка интервенција.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини