Вработените од МЗТ Леарница на протест

од Vladimir Zorba
Стотина вработени од МЗТ леарница протестираа пред Собранието поради, како што велат, неисплатени плати и придонеси, кршење на работничките права и лошите услови во кои работат, информира 24Вести.
Десет дена како штрајкуваме. Не се почитува законот во компанијата. Се обраќавме до сите институции, како Управата за јавни приходи, Трудова инспекција, Министерството за труд и социјална политика.
Бараме институциите да си ја завршат својата работа. Да направат контрола дали фирмата работи законски, како може толку време да не се исплаќаат плати и придонеси, како може да се исплаќаат плати во кеш“, велат вработените во леарницата.

Слични содржини