Вработените во „Југохром“ в четврток повторно ќе го блокираат патот Тетово – Скопје

од Vladimir Zorba

Синдикатот на „Југохром“ в четврток ќе организира нов протест поради, како што велат од синдикалната организација, неоправданото исклучување на печките на фабриката.

Вработените во „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово – Скопје, кај наплатната рампа Желино, во двата правци, а за време на протестот ќе ги соопштат своите барања.

„Југохром“ престана со работа на 31 октомври минатата година, откако инспекторатот за животна средина донесе одлука фабриката да ги згасне печките поради пробивањето на рокот за изградба на пречистителна станица./МЕТА

Слични содржини