Вратете си ja концентрацијата со еден елементарен трик – џвакање мастики!

од desk2

Колку подолга е задачата, толку потешко е да се зачува концентрација. Според неодамнешното истражување спроведено од Универзитетот Кардиф покажува дека луѓето кои џвакаат мастики умеат полесно да се концентрираат за подолги периоди на време. Нешто повеќе – реакциите им се значително побрзи.
Мастика за џвакање не секогаш се поврзува со нешто позитивно. Истражувањето направено во 2012 година, покажува дека тоа влијае негативно врз краткотрајна меморија, особено кога правиме некоја задача. Новата студија на Кејт Морган покажува дека тоа веројатно не е точно.

За да го одржи жив својот експеримент, Морган зема 38 волонтери и ги дели на две групи. И двете имаат задача да завршат нешто исклучително здодевен, но во рамките на половина час им се доставуваат произволни броеви. Целта е да се откријат секвенци од непарни- и парни броеви. На пример 5-4-9.

Оние од учесниците кои џвакаа мастика, реагираа многу побрзо и покажуваа значително точни резултати. Интересен факт – оние кои не џвакаа, покажале подобри перформанси на почетокот, но подоцна се расејуваа.
Заклучокот? Џвакање ни помага да се фокусираме на задачи кои бараат нашето постојано внимание во долги периоди на време.

Слични содржини