Временска прогноза

од desk3

 Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец, но повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста.

328792-sonchevo-i-toplo-vreme

Утринската температура ќе се движи од минус два до два, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно. Во утринските часови ќе има умерена облачност, а во текот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до осум степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Позначителен пораст на дневната температура ќе има од петок и за време на викендот. Во петок се очекува дневната температура да достигне до 17 степени. /MИА

Слични содржини