Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северните и западните делови променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 35 степени.УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 18 до 31 степен.

Во четврток, главно во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста, на повеќе места со појава на пороен дожд и грмежи. Врнежите повеќе се очекуваат во западните и северните делови. Повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец, а дневната температура дополнително ќе се намали и во најголем дел од земјава ќе биде под 30 степени. Од петок ќе настапи стабилизација со повторен пораст на дневната температура на воздухот.

Слични содржини