Временска прогноза

од Vladimir Zorba

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло за овој дел од годината со мала до умерена висока облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три  до 12, а дневната температура од  24 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена висока облачност и со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од седум до 27 степени.

Периодот на стабилно, суво и топло време со позитивни утрински температури ќе продолжи и понатаму. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. Преодно наоблачување ќе има во петок, а позначителна промена на времето се очекува во почетокот на наредната недела.

Слични содржини