Временска прогноза

од Vladimir Zorba

   Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, во западните и јужните делови со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од источен правец. 

Температурата ќе се движи од три до десет степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб умерен ветер од источен правец. Температурата ќе достигне до седум степени.

Од сабота кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што ќе услови во следните два дена врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет.

Слични содржини