Временска прогноза- Доаѓа дожд и студ

од Vladimir Zorba

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Ветерот ќе засилува најпрвин околу пладне на северот од земјата. Најмалку врнежи ќе има во централните делови и кон југоистокот.5096238

Утринската температурата ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 23 степени.

Во Скопје ќе  биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 11 до 17степени.

Во среда ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително спуштање на дневната температура. Во среда и в четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и се постудено.Во петок ќе има ново наоблачување со врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање до петок кога ќе бидат околу нулата, но и за времето на викендот кога наутро ќе имаме само неколку степени над нулата.

Слични содржини