Времето утре во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои во текот на денот почнувајќи од северозапад ќе поминуваат во снег. На планините во западните делови се очекува да бидат пообилни и да се формира снежна покривка повисока од 50 сантиметри, а на повеќето пониски места од 10 до 20 сантиметри. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарјето и наместа ќе предизвика снежни наноси.

E84526F9-645D-42DF-8C3E-D347A716C1E8_cx0_cy2_cw0_mw1024_s_n_r1

Утринската температура ќе се спушти до околу минус еден, а дневната ќе достигне до 4 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне постепено врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до четири, а дневната ќе се спушти до два степени.

Во недела ќе дува засилен ветер кој повремено ќе достигнува брзина до околу 80 км/ч, што ќе предизвика локални снежни наноси.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето, но со позначително пониски температури. Најстудено ќе биде во вторник и среда кога наутро на повеќе места ќе се спушти под минус 15 степени.

Слични содржини