Временска прогноза- ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи

од Vladimir Zorba

 Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи претежно на истокот и југот од земјава. Ќе дува повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието.hitportal-leten-dozd

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 4.

И во четврток се уште ќе има зголемена облачност, наместа и услови за локален дожд особено во јужните делови од земјава. И понатаму ќе биде ветровито со северен ветер. Од петок се очекува времето да биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.

Слични содржини