Времето утре во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Попладне се очекува облачноста да се големи особено во западните делови каде е можно во текот на ноќта да има и слаб локален дожд. Ќе дува слаб, а попладне повремен умерен ветер од југоисточен правец.

img

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Значителна промена на времето се очекува во четврток кога се очекуваат врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во попладневните часови и ноќта према петок кога во западните делови локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. Ноќта кон петок ќе се спушта постуден воздух кој ќе предизвика некои врнежи од дожд на повисоките места да преминат во снег, особено во северните и западните делови од земјава, а на планините да се зголеми снежната покривка.

В четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој ноќа ќе го смени правецот во северен и ќе предизвика опаѓање на температурата во наредните денови.

Слични содржини