Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 21 до 29 степени.

hitportal-zesko-vreme

Во Скопје, слично време, сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Следува период на претежно стабилно, суво и топло време. Температурата на воздухот ќе биде во значителен пораст, а најтопло ќе биде за време на викендот и во понеделник кога на повеќе места температурата ќе надмине 30 степени. Во недела попладне ќе има услови за локален пороен дожд со појава на грмежи.

Слични содржини