Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно, посвежо и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

До вторник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и релативно студено време со повремен локален дожд со променлив интензитет.

Слични содржини