Врховен не одлучи дали се законити притворите за Талески и за Темелко во случаите на СЈО

од desk2

Врховниот суд зад затворени врати денеска одлучуваше дали се законити одлуките на Основниот суд Скопје 1, а потоа и на Апелациониот суд Скопје, обвинетиот градоначалник на Битола Владимир Талески да добие само куќен притвор за случајот „Транспотер“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Талески во овој случај е обвинет за проневера на 360.000 евра. За ова расправал петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд, каде претседател е првиот човек на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Седницата заврши, но одлука не е донесена. Таа одлука само ќе биде оценка за исправноста на одлуките на пониските судови за Талески и ништо нема да смени. Судењето против градоначалникот на Битола треба да почне деновиве. Тој е обвинет дека во договор со директорите на основните училишта го оштетиле буџетот за 360 илјади евра, при превозот на ученици во градот.

Вангеловски и четворицата врховни судии од советот денеска расправале и за законитоста во врска со предметот за градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко. СЈО најави обвинение за случајот „Титаник“, па непознато е каква улога би имала одлуката на Врховниот суд и за притворот на Темелко, која се носи по вторпат./sdk

Кон крајот на минатата година стариот состав на Кривичниот совет на чело со сменетата претседателка на Врховниот суд Лидија Неделкова, донесе едногласна одлука дека барањето за притвор на Темелко од страна на СЈО по отворањето на истрагата за изборни нерегуларности под назив „Титаник“, била законска и оправдана. По доаѓањето на Вангеловски на нејзино место, тој го смени составот на советот, старата одлука за Темелко ја поништи и денеска одржа нова седница за истата работа за која еднаш беше донесена одлука во Врховниот суд.

Слични содржини