Врховен суд за притворите ќе одлучува утре, а рокот стекува во 13 часот !

од Vladimir Zorba

Врховниот суд утре до 13 часот ќе ја објави одлуката по трите жалби на екс функционерите во УБК Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски.

Врховните судии констатирале процесни грешки  во обемната документација за притворите на екс функционерите од УБК.

 За што станува збор нема детали , а  пречките брзо  би биле отстранети велат од Врховен. Но, одлука немаче  денеска. Судиите ќе ги искористат и последните минути од законскиот рок од 48 часа и утре ќе одлучат дали Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски одат во притвор или ќе се бранат од слобода.
„Седницата на советот ќе продолжи со работа и во текот на утрешниот ден и за донесената одлука на советот, јавноста ќе биде информирана на ден 26.07.2017 година.“ – пишува во кусото соопштение на судот.
Слободата на поранешните функционери од УБК е во раце на петчлениот Совет од Врховен, во кој одлучува и претседателот Јово Вангеловски. СЈО очекува дека обвинетите ќе бидат во притвор додека тече судскиот процес. Тие ја бараат најстрогата мерка за поранешниот шеф на Петтата управа бидејќи не се појавил на распит во СЈО, влијаел на сведоци, за што доказ е тефтерот во кој имало насоки кој сведок што да каже во СЈО и  детално е опишано кој сведок кога давал исказ пред обвинителите на Катица Јанева.
Обвинетите во Таргет и Тврдина кривично се гонети за  прислушувањето, но и за уништување на доказите дека некој ја прислушувал целата држава.
Иако Апелација уште пред една недела одлучи да бидат спроведени во притвор, тие се уште се на слобода. Рокот истекува утре до 13 часот.

Слични содржини