Државниот совет на Грција – еден од повисоките судови во земјата – денес на пленарна седница во состав од 21 судија треба да одлучи дали е легален распишаниот референдум на 5 јули.20150703.prxgxxahby

Државниот совет треба да разгледа две апликации: Првото барање за поништување на референдумот е поднесено од инженер и правник, кои сметаат дека активностите за подготовка на анкетата се нелегални и неуставни. Според барателите прашањето не е формулирано јасно, а термините “е невозможно да бидат разбрани од огромното мнозинство на гласачите”. Се цитира прашањето, чиј опис на содржината е изложен на цели 6 реда, и се препраќа луѓето да читаат два документа од 26 страници на сајтот на грчкото МВР.

Второто барање е поднесено од 17 правници, кои сметаат дека барањето на адвокатите и инженерот се неосновано тврдење. Тие сметаат дека  референдумот е целосно во ингеренциите на политичкото раководство на земјата. Одлуката ќе биде објавена веднаш.

Слични содржини