Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ барала амнестија, Заев тврди дека не прифатил

од Vladimir Zorba

Имаше барање од врхушката на поранешната владејачка партија, но тие барања биле отфрлени, изјави премиерот Зоран Заев во вчерашното интервју за националниот сервис МРТВ одговарајќи на прашањето дали во изминатиот период имало разговори за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека правдата мора да важи за сите, односно дека дури и неговите најблиски соработници и членови на семејството ќе треба да одговараат доколку го прекршат законот.

Новата Влада нема да урива и разместува споменици, затоа што тоа значи дополнителни трошоци, рече Заев. Сепак тој истакна дека „сака барем една фасада да соголи за да покаже колку е тоа грдо“, но дека тоа е само лична желба, а како премиер не може да дозволи такво трошење на пари на граѓаните како и дека е ставен мораториум за изградба на споменици.

Слични содржини