Времето  во Македонија ќе биде  облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и над 30 л/м2.sneg-vrnezi

Поради спуштање на постуден воздух на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, а ќе се формира и снежна покривка, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневната температура ќе се движи од два до 10 степени

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб ветер од северен правец.  Дневната температура ќе достигне до пет степени.

Во сабота претпладне ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а во недела  ќе преовладува променливо облачно време, посвежо со слаб претежно северен ветер. Во деновите потоа утринските температури по некаде ќе бидат и под нулата, а дневните во постепен пораст.

 

Слични содржини