Најдобрата македонска тенисерка, Лина Жорческа, забележа нов „скок“ на ВТА листата и го бележи својот најдобар пласман во кариерата.

Ѓорческа во однос на претходното рангирање напредуваше за девет позиции и сега се наоѓа на 171 место на ВТА листата.

Инаку, Ѓорческа од вторник ќе го започне настапот во квалификациите за Гренд слем турнирот, Ролан Гарос.

Таа попладнео ќе ја дознае својата противничка во првото коло, а за да избори настап на главниот турнир ќе треба да мине три кола.

Ѓорческа, лани учествуваше во квалификациите за УС Опен, но не го мина првото коло, додека во јануари на квалификациите за пласман на Австралијан Опен, не успеа да ја мине последната пречка.

Слични содржини