Втор ден како полицијата го држи затворен приодот кон полициската станица во Куманово, со блокирање на две улици кои кружно водат кон зградата на СВР Куманово-информира Кумановски муабети.

kumanovo 3_3

Со поставување на полициски возила, полицијата според неофицијални извори, поради превенција од можен напад, ги загради улиците ”11 Октомври” и ”Тодор Велков” од четврток навечер, што кај граѓаните на Куманово создаде извесена паника и страв од повторување на вооружени дејства од минатиот викенд.

Ноќта во Куманово помина мирно.

Досега, никој од надлежните од МВР не одржа прес конференција на која подетално ќе објаснат, зошто после неколку дена од нападите во нас. Тоде Мендол, полицијата се одлучи на ваков чекор.

Извор: Кумановскимуабети

Слични содржини