Вториот човек на УНИЦЕФ поднесе оставка поради непристоен однос кон жени

од desk4

– Заменикот извршен директор на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Џастин Форсајт денеска поднесе оставка на функцијата, откако беше обвинет за непристоен однос кон повеќе жени.

Обвинувањата против Британецот Форсајт се однесуваат на периодот од 2011 до 2015 година, кога се наоѓал на раководна позиција во хуманитарната организација „Спасете ги децата“.

Форсајт, кој во УНИЦЕФ работи од 2016 година, претходно им се извини на жените, кои се почуствувале навредени поради неговото однесување.

Слични содржини