Вториот круг од локалните избори на Косово на 19 ноември

од desk4

Централната изборна комисија денеска одлучи вториот круг на гласање на Косово да се спроведе на 19 ноември.

Kампањата за вториот круг на гласање ќе почне на 13. и ќе трае до 17 ноември на полноќ,кога настапува изборниот молк.

Гласањето преку пошта ќе трае од 4 до 17 ноември.

Во првиот круг на гласање,одржан на 22 октомври, од вкупно 38 општини,градоначалници беа избрани во полoвина од нив,што подразбира дека во вториот круг на гласање ќе бидат избрани уште 19 градоначалници.

Најмногу интерес,во вториот круг,побудува битката за косовската метропола,каде силите ќе ги одмерат Шпенд Ахмети,од Движењето „Самопределување“,кој Приштина ја раководеше и во изминатиот четиригодишен мандат и Арбан Абраши од Демократскиот сојуз на Косово.Во првиот круг Ахмети имаше предност од околу 14 отсто.

Слични содржини