Второто издание на Скопје Синема Сити

од Vladimir Zorba

 

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити ,  по вторпат , во периодот од 1-4 октомври  во Кинотека на Македонија 160916_scc_giff_1-3

Скопје Синема Сити е филмски фестивал за музички документарни филмови основан во 2014 год. Тоа е мултимедијална платформа која обединува сѐ на тема музика – од документарни филмови, изложби, па до промоции на книги и предавања. Минатата година фестивалот се отвори со изложбата на фотографии од David Bowie на реномираниот британски фотограф Брајан Рашиќ заедно со филмови за Bowie. На програмата имаше бројни филмови и од домашна и од странска продукција и гости од Велика Британија и Германија.document-page-001-1

Оваа година фестивалот се организира во соработка со Кинотека на Македонија и во текот на 4-те фестивалски денови, гостите ќе проследат бројни музички филмови од различни жанрови и продукции. Како и првата година, така и оваа фестивалот ќе почне со осврт/трибјут кон некој уметник. Оваа година тоа е Леонард Коен и фестивалот ќе се отвори со филмот „Јас сум твојот човек – Леонард Коен“ на режисерката Лиан Лунсон. Фестивалот исто така соработува со ББС и ќе се прикажат бројни филмови од нивната продукција. На програмата ќе се најдат и филмови од домашната продукција.160916_scc_giff_all-1

Во рамките на фестивалот ќе се промовира и книгата со музички интервјуа на организаторот на фестивалот Ненад 4Георгиевски, која ќе биде објавена од издавачот Полица. Книгата ќе содржи 40 интервјуа со странски музичари како Пет Метини, Дејвид Силвијан, Питер Хук и домашни музичари како Влатко Стефановски, Кирил Џајковски, Џијан Емин и Љубојна.

Слични содржини