Вучиќ: “Ако останат провалиите на Балканот – нема да дојде возот на Тесла”

од desk3

 Се сменивме и подготвени сме да се менуваме бидејќи смееме и умееме да направиме чекор напред со кој, од митологија се помунува во иднина, од несреќа во среќа. Oва го  кажа на свеченоста по повод инаугурацијата претседателот на Србија Александар Вјчиќ. 

“Србија во која денес дојдовте престана да се надева на смртта и почна да го сака животот, оцени Вучиќ порачувајќи – Ние сме таа генерација која сфати дека за секој проблем,  мораме да пронајдеме решение, ние сме генерација на која не и преостана ништо друго, туку да престане да војува  и да почне да учи да работи”.

Посакувајќи добредојде на пријателито од странство, но пред се на граѓаните на Србија, Вучиќ рече дека како добар домаќин мора да кaже нешто за Србија која е земја на добри, храбри  понекогашт и претерано храбри луѓе” заклучувајќи дека луѓето се всшност она што е најважно за Србија.

“Поминавме се, а никаде сеуште не сме стигнале. Често сакаме да стоиме во место, убедени дека се се врти околу нас, дека знаеме за било што повеќе од некој друг, но љубоморо тоа одбиваме да го применуваме или бар самите со себе да поделиме “, рече Вучиќ.

Мир со себе и мир со сите други. Разговор со себе, баш како и разговор со сите други, рече претседателот додавјаќи дека повеќе нема теми за кои не сакаме да разговараме и нема провалии, према другите, за која не сме подготвени да ги премостиме.

“А тој збор провалија, запамтете е клучен збор, историски збор на овие простори, затоа што Балканот е полн со провалии, кои ги затрупувавме со сопстевните коски, градејќи врз нив пусти, разнишани соништа. И полн е со провалии, кои ги полневме со сопствена крв, натопувајќи ја во неа секоја надеж”. рече Вучиќ.
“Денеска е време за мостови преку длабоките провалии на нашето минато, порача и додаде дека време е за патишта, за оние патишта со кои засекогаш го напуштаме несреќното и распарчено минато и по кои се оди во заедникчко утре”.

Затоа сакам да им кажам на сите наши комшии на Западниот Балкан, од кој според мене од непозната причина сите се обидуваме да побегнеме, срамејќи се, неретко и од себе и од другите, да Србија ќе се обиде со сите вас  да гради мостови на пријателство и нова сила на Европа и светот , рече Вучиќ

Како што рече новиот претседател, сами колку и да сме јаки, таа сила ја немаме а заедно можеме повеќе.

“Да ние сме Срби и вие Хрвати, Бошњаци, Црногорци, Албанци и Македонци и заедно можеме планини да поместиме, не правејќи никава нова Југославија, но работејќи заедно и бореќи се заедно за подобро утре на нашите сиромашни граѓани. Да успеавме со нашите унгарски пријатели да направиме најдобри односи, да границата ја обезбедуваме заедно со австриските полицајци. И тоа не е доволно”, рече Вучиќ.

Тесле одамна си отите, рече Вучиќ и подвлече дека постои денес како величенствено име во историјта на целиот свет и можда уште поважно , како огромна компанија која  прави елетрични автомобили, планира патување во вселената и изведувајќи  ги првите проби на возови кои треба да се движат со суперсонична брзина.  “И тие возови, утре нема да свратат ни во Србија, ни во Хрватска, ни во Македонија, Црна Гора, Босна, Албанија, ако ние не им дадеме простор за тоа и ако провалиите останат меѓу нас”, рече Вучиќ.
Не сакаме провалии и во односите со големите сили, порача Вујчиќ

“Тие нека ги играат своите игри, ние простор за тие игри немаме. Се наоѓаме со наша одлука на европскиот пат, бидејќи сакаме да му припаднеме на општествата на уредени земји, да градиме добри односи со западниот свет после децениски проблеми , вклучувајќи и добри односи со САД”, рече Вучиќ во својот говор на неговата инаугурација.

Слични содржини