Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Белград ќе одржи средба со новиот српски претседател Александар Вучиќ. Иванов синоќа присуствуваше на свечениот прием по повод инаугурацијата на Вучиќ, на која беа поканети околу шест илјади гости, а присуствуваа премиери, министри, претставници на дипломатскиот кор од регионот, Европа и светот, меѓу кои еврокомесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан и заменик-помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји.
Вучиќ денеска се сретна со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. И двајцата оцениле дека Белград неопходно мора да работи на јакнењето на економските врски со земјите од регионот, бидејќи само економски силни земји имаат политичко значење и моќ, соопшти кабинетот на претседателот Вучиќ. Шредер е во Србија како специјален претставник на германската канцеларка Ангела Меркел. Поранешниот германски канцелар, присуството на лидерите од регонот на инаугурацијата го оцени како “многу значајнаобидејќи според него тоа е сигнал дека ќе јакнат политичките и економските врски без кои не може да се одржи стабилноста на Западниот Балкан.
Вучиќ се сретна и со претседателот на Народното собрание на Турција Исмаил Кахраман. “Србија како за Турција, така и за целиот регион, многу важна земја. Сакаме да ги развиваме нашите економски односи и што поголем број на турски бизнисмеи инвестираат во вашата земја” , нагласил Кахраман.