Вучиќ и Тачи телефонски разговарале: Србија бара да учествува во истрагата на убиството на Ивановиќ

од desk4

Претседател на Србија, Александар Вучиќ денеска побара од колегата, косовскиот претседател Хашим Тачи да биде прифатено учеството на српските државни истражни институции во истрагата на убиството на Оливер Ивановиќ.

Двајцата шефови на држави, Вучиќ и Тачи телефонски разговарале при што се согласиле да работат за смирување и стабилизирање на состојбата на Косово, која по убиството на еден од водечките политичари на косовските Срби, кој вчера беше застрелан во Митровица е напната. Според агенцијата Танјуг, претседатели изразиле жалење за убиството и се согласиле дека за мирот и довербата во Косово важно е брзо да бидат пронајдени сторителите на убиството.

Претседателите, исто така, се согласиле и да продолжи дијалогот меѓу двете земји кој се води со посредство на Брисел.

Слични содржини