Вучиќ им забрани на министрите да ги коментираат случувањата во регионот

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска потврди дека премиерот Александар Вучиќ на сите министри, државни функционери и службеници им забранил да ги коментираат случувањата во регионот, јавува дописникот на „Мета“ од Белград.

„Премиерот нè замоли да му овозможиме, поради сериозноста на темите и регионалните односи, тој да одговара на прашањата во врска со регионалните политички теми“, рече Дачиќ по разговорот со шефот на ирачката дипломатија Ибрахим ал Џафари во Белград.

Според пишувањата на белградскиот весник „Блиц“, Вучиќ на ова се одлучил по последните случувања во Косово и запирањето на возот кој требаше да сообраќа на линијата Белград – Косовска Митровица, а со цел да се оди во правец на смирување на ситуацијата во регионот, а не кон нејзино натамошно заострување.

Во писмото кое вчера им го испратил на министрите, Вучиќ побарал од сите државни функционери поради чувствителноста на ситуацијата да не даваат изјави, туку да му остават нему да зборува за односите со Приштина, Загреб и со Сараево, пишува „Блиц“.

Слични содржини